Возрасен скопјанец им се заканувал на малолетници. Од полицијата известија:
На 13.08.2021 во 13.30 часот во Полициска станица Гази Баба И.З.(45) од Скопје пријавил дека на 12.08.2021 околу 20.00 часот на игралиште во населба Ченто, на неговиот малолетен син, кој бил заедно со други малолетници, им биле упатувани закани од двајца малолетници, од кои едниот имал остар предмет со него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.