Промени тема
Контакт

Малолетник и 30-годишник приведени, изгореа автомобили, a раскопан бил и гроб - низа случувања во Куманово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryvakq8k9g5qmb1JYq5zg
Илустрација / Скопје1

Кражби со употреба на сила, пожар на паркирани возила и раскопување гроб во црковен двор – три одделни случаи се пријавени во кумановско во изминатото деноноќие.

— реклама —

МВР информира дека на 20 април 2026 година околу 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.Р. (30) и 15-годишник, двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека со употреба на сила влегле во деловен објект на улицата „Народна револуција“, од каде одзеле повеќе предмети, а се обиделе да одземат предмети и од приватен имот на улицата „Веселин Маслеша“. Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува пријава.

— реклама —

Во друг случај, на 21 април 2026 година во 01:11 часот било пријавено дека на улицата „Никола Вапцаров“ избувнал пожар во две паркирани возила – „опел“, сопственост на Е.Ф., и „фолксваген тигуан“, сопственост на А.С., даден на користење на В.М., сите од Куманово. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид извршила полицијата.

— реклама —

Дополнително, на 20 април во 18:10 часот било пријавено дека во двор на црква во селото Карпино, општина Старо Нагоричане, било извршено раскопување на гроб кој има назнака на културно наследство, при што бил оштетен.

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytvb6nkcknph14CMmrcA

Ресенчани нападнале жена, на едниот му била сопруга, а на другиот роднина

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
semejno-nasilstvo

Кавадарчанец ја нападнал вонбрачната сопруга со тврд предмет, полицијата го уапси

Македонија | пред 14 часа

media-libraryv3n0f437ho8d45dekpt

Ја искршил вратата од домот на чичко му, кршел покуќнина, па ја нападнал и сестра му

Скопје | пред 14 часа

media-libraryvrb8vtc7b44l3MDjsWP

Вандализам во Центар: Искршен излог на ресторан, полицијата го расчистува случајот

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања