Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Мамдани најави објавување на десетици илјади документи за 11 септември

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarytmg7b0d3qp518VjJyOx
Х

Дваесет и пет години по терористичките напади на 11 септември 2001 година, градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, најави објавување на околу 173.000 документи за кои тврди дека може да покажат што градските власти знаеле за токсичниот воздух околу местото на нападите и кога биле свесни за здравствените ризици.

— реклама —

Документите ќе се објавуваат постепено во текот на 12 месеци, по спогодба со организацијата „9/11 Health Watch“, која ги застапува жртвите и со правни постапки побарала од градските власти да ги објават материјалите.

— реклама —

Според податоците на федералната програма за следење на здравјето на жртвите, покрај 2.977 лица кои загинаа во нападите, повеќе од 9.400 луѓе подоцна починале од болести поврзани со изложеноста на последиците од нападите.

По уривањето на кулите на Светскиот трговски центар, областа со месеци била изложена на прашина и загадување, а кај илјадници луѓе подоцна биле дијагностицирани различни заболувања, вклучително и рак.

— реклама —

Мамдани изјави дека документите содржат информации за дискусии во администрацијата на тогашниот градоначалник Руди Џулијани, поврзани со здравствените ризици и правната одговорност. Дел од материјалите се однесуваат и на загриженоста на жителите на Долен Менхетн за квалитетот на воздухот за време на мандатот на Мајкл Блумберг.

„Сега се чини јасно дека и градот знаел“, изјави комичарот Џон Стјуарт, долгогодишен застапник на жртвите од 11 септември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryp8gvnvknpje55ZeD7Sc

„Се инфилтрирале во умовите на студентите“ – американскиот министер со обвинувања кон Кина

Свет | пред 8 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 20 часа

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања