Промени тема
Контакт

МАН до ЗНМ и ССНМ: Не би сакале да веруваме дека обучувате ваши членови да носат оружје со себе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
image

Македонската асоцијација на новинари (МАН) е непријатно изненадена од соопштението на ЗНМ и ССНМ во кое упатуваат јавна поддршка за Фуркан Салиу. Оттаму посочуваат дека Салиу е извршил/учествувал во напад врз службени лица, и носел оружје полно со муниција, а ЗНМ и ССНМ сакаат да го подведат во општествено одговорната и законски регулирана дејност – новинар и новинарство.

— реклама —
— реклама —

„Во случајот со Фуркан Салиу, ЗНМ и ССНМ се преставија како парановинарски организации кои заштитуваат и промовираат вооружување на своите членови. Наместо да упатат јавна осуда за однесувањето на Фуркан Салиу и фактот дека во своја близина носел оружје полно со муниција, ЗНМ и ССНМ го поддржуваат во својство на новинар. Уште позастрашувачки е фактот дека ЗНМ и ССНМ јавно го бранат Фуркан Салиу дека извршувал професионални обврски, како новинар. Дали ова значи дека ЗНМ и ССНМ имаат/ тренираат/ обучуваат паравоени, параполициски, паранавивачки формации во своите редови? Дали ова значи дека имаат вооружени членови чие однесување не може да се предвиди во ниеден момент, дури и кога треба да бидат проверени од државните институции? За што всушност ЗНМ и ССНМ одржуваат обуки за своите членови? За вежбање по стрелани, носење пиштоли со муниција, отпор кон проверки од државните органи? За што ги обучуваат своите членови? Инцидентот со Фуркан Салиу е кривично-правен настан. Единственото оружје на новинарите и сите медиумски работници е слободата на говорот и изразувањето. Македонската асоцијација на новинари (МАН) ги прашува ЗНМ и ССНМ зошто упорно шират лажни вести за да делуваат користољубиво за лични и предизборни партиски потреби, користејќи го Фуркан Салиу за наведените цели?

— реклама —
— реклама —

Македонската асоцијација на новинари (МАН) потсетува дека токму заради ЗНМ и ССНМ, Фуркан Салиу не е новинар според позитивните законски прописи, кои токму тие ги блокираат со години. За тоа постои и судска пракса во случајот со Горан Трпеноски од редакцијата на СДК.МК, повторно благодарение на ЗНМ и ССНМ. Македонската асоцијација на новинари (МАН) е непријатно изненадена од комфоноста на ЗНМ и ССНМ да создаваат јавна перцепција на осуда и хајки, што го гледаме со децении наназад. Но, тоа не ги прави заштитници на новинарите и медиумските работници, уште помалку почитувачи на Уставот и Законите во Македонија. Напротив. Заради ЗНМ и ССНМ, нивниот член Фуркан Салиу се довел себеси во очајна, незавидна ситуација да носи со себе огнено оружје со муниција (што со закон е забрането) и да изврши напад врз службени лица (а можел да биде службено лице, доколку ЗНМ и ССНМ не ги блокираа измените во медиумските закони). За Македонската асоцијација на новинари (МАН) е застрашувачки фактот дека новинарите живеат под толкав страв и репресија во овие седум (7) години, што членот на ЗНМ и ССНМ Фуркан Салиу решил да има кај себе и во своја близина - оружје полно со муниција, се вели во реакцијата на Македонаката асоцијација на новинари (МАН)“, велат од МАН.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

saliu-za-pistolot

Фуркан Салиу објасни за пиштолот: Љубител сум на огнено оружје, или одиш на кафе, на шопинг или да пукаш на стрелиште - ме релаксира

Македонија | пред 2 години

— реклама —
pance

Новинарот Салиу доби кривична дека спречил полицаец додека вршел службена должност

Македонија | пред 2 години

pance

(Видео) Салиу негира дека имал физички контакт со полицаец, Тошковски му рече: Лажете господине Фукран

Македонија | пред 2 години

IMG_5208

СДСМ во одбрана на Салиу: На сите им е јасно дека ова е обид за замолчување и заплашување

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања