Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Манасиевски: Дали Оливер Спасовски се има добро нафатирано, па затоа не го одзел овластувањето на фирмата од Сарај?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library487ogrej3djkdoLuGAX

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски три месеци не презел никакви мерки за одземање на овластувањето на фирмата за технички преглед од Сарај, иако, како што тврди, имал официјален извештај со утврдени неправилности.

Според Манасиевски, со непостапувањето, Спасовски овозможил фирмата да оствари противправна имотна корист во износ од над 90.000 евра, што, како што рече, претставува злоупотреба на службената положба.

— реклама —

„Спасовски како министер во МВР добил официјален извештај со констатирани неправилности, но три месеци молчел и не го одземал овластувањето. Со тоа директно овозможил фирмата да продолжи да работи и да заработи над 90.000 евра“, изјави Манасиевски.

— реклама —

Тој потсети дека токму во истиот технички центар бил извршен технички преглед и на автобусот на компанијата „Беса Транс“, кој во 2021 година се запали на автопат во Бугарија, при што загинаа 45 македонски државјани.

„Доколку Спасовски реагирал навреме, трагедијата можеби ќе беше спречена. Овластувањето на фирмата од Сарај било одземено дури три дена по трагедијата во Бугарија“, рече Манасиевски, поставувајќи прашања дали поранешниот министер добивал пари за да не постапи навреме.

— реклама —

Манасиевски го нарече Спасовски „црна дамка на СДС“, посочувајќи дека, според него, заедно со други поранешни функционери, е симбол на криминал и корупција.

„СДС мора да се дистанцира и јавно да се огради од овие луѓе, доколку сака да опстане на политичката сцена“, порача Манасиевски.

Од СДС засега нема официјален одговор на изнесените обвинувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

„Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ го прозва градоначалникот на Зрновци: Нема ролер парк, нема пешачка патека, проблем е и водата за пиење

Македонија | пред 1 ден

filipce-zaev-haris-dzinovic-dubai

„Заеднички омилен пејач им е Харис Џиновиќ“ – ВМРО-ДПМНЕ ги прозва Филипче, Заев и Вучиќ

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се заплетка во сопствените лаги, излажа за анкетите, а сега и дека поседува автомобил од 6.000 евра кој го нема во анкетниот лист

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања