Промени тема
Контакт

Манасиевски: Ги градиме темелите на економијата, доаѓа времето на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
manievski-27.06

„Измина една година од формирањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа прва година, наш главен фокус и приоритет беше економијата, која се базира на факти, долгорочни политики и јасна визија за иднината“ , вели Валентин Манасиевски и додава:

— реклама —

Кога ја презедовме одговорноста, наследивме економија во пад, со висока инфлација, зголемен јавен долг и демотивирана деловна заедница. Денес, состојбата е поинаква. Економијата почна да заздравува и да се стабилизира.

— реклама —

Инфлацијата е ставена под контрола изнесува околу 3%. Обезбедивме финансиска поддршка од 500 милиони евра - 250 милиони евра за домашните компании и 250 милиони евра за општините, за реализација на капитални проекти и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Во првиот квартал од оваа година, БДП порасна за 3,2%. Според овие податоци, Македонија се наоѓа на 4-то место во Европа според растот на БДП – веднаш зад Ирска, Данска и Полска.

— реклама —

Исто така, оваа година забележавме рекордно ниво на странски директни инвестиции, 1 милијарда и 255 милиони евра. Платите растат. Забележливо е зголемување на платите во јавната администрација, здравството, образованието, културата и полицијата.

— реклама —

Ја стабилизиравме и фискалната состојба. Целосно е отплатена еврообврзницата издадена во 2018 година во вредност од 500 милиони евра. Првпат по седум години, јавниот долг е намален. Истовремено, буџетскиот дефицит е намален за 4% од БДП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нервозен и во паника, СДС нема што да им понуди на граѓаните

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 1 ден

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања