Манасиевски : Работниците останале без 600 евра минимална плата поради одбивањето на Трендафилов и Деаноски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryvvd4bo8qeeglbSB9gRc

Работниците останале без 600 евра минимална плата во 2028 година поради ССМ, Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Политичката заробеност на ССМ, од страна на СДС се покажува на дело. Дека на Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски како и ССМ како синдикат не им е грижа за работниците, се докажува по тоа дека одбиле 40% зголемување на платите за административните службеници или минимум во бројка, над 10.000 денари за само две години од денес. Сето ова, само поради послушноста и потчинетоста кон СДС.

Доколку овој предлог односно ова зголемување на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ било прифатено од гранковиот синдикат УПОЗ, предводен од Трпе Деаноски и ССМ предводен од Слободан Трендафилов, минималната плата ќе изнесувала минимум 36.000 денари за административните службеници во 2028 година. Единствениот услов од Владата е да се потпише нов колективен договор до 2028 година, поради тоа што моменталниот е нејасно напишан и различно е толкуван, а згора на се и е истечен.

— реклама —

Но, поради политичкото заробеништво на ССМ, Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски, од страна на СДС, тие одлучија да шуруваат со нив, сакајќи на овој начин да и наштетат на државата. Но не сфаќаат дека со ова наштетуваат на работниците, оние на коишто тие велат дека им мислат добро.

Поддршката од СДС и Левица за ССМ е само доказ дека тие немаат никаква искрена намера, туку само напад кон Владата, која дава се од себе за зголемување на платите и на пензиите, како што впрочем тоа го докажавме во образованието, во здравството, во полицијата, Министерството за одбрана, социјалата и за пензионерите.“, додава Манасиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања