Промени тема
Контакт

Манасиевски: Трендафилов јавно призна дека СДС и Левица стојат зад протестите на ССМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
trendafilov

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски изјави дека претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, јавно признал дека зад протестите на ССМ стојат политичките партии СДС и Левица.

Манасиевски посочи дека во телевизиско гостување, на Трендафилов му се „измакнала изјава“ во која рекол дека „сите се здружиле против оваа влада“, што, според ВМРО-ДПМНЕ, претставува директен доказ за политичка позадина на синдикалните активности.

— реклама —

„Ова е првпат Трендафилов јавно да признае вакво нешто. Со таа изјава се потврдува дека протестите на ССМ не се автентична борба за работнички права, туку дел од политичка агенда на СДС и Левица“, рече Манасиевски.

— реклама —

Тој обвини дека раководството на ССМ, по насока на овие партии, ќе направи сè за да не се прифати новиот колективен договор, со кој, како што наведе, минималното зголемување на платите во јавната администрација од април годинава би изнесувало 3.580 денари, а просечното зголемување над 6.000 денари, односно повеќе од 100 евра.

Манасиевски потсети дека понудата за зголемување на платите до 40 проценти не е нова и дека постои уште од минатата година, но, според него, токму поради политичка соработка со СДС и Левица, ССМ одбива да ја прифати.

— реклама —

„Кога СДС ја испразни државната каса и ја остави државата во длабок минус, Трендафилов и ССМ молчеа. Тогаш не бараа повисоки плати, што дополнително покажува дека нивното делување е политички мотивирано“, истакна Манасиевски.

— реклама —

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не ветувала чуда, туку работа и конкретни резултати, потсетувајќи на зголемувањата на платите во образованието, здравството, полицијата, одбраната и социјалната сфера. Според него, истата политика ќе продолжи и во јавната администрација, како и со поддршка на приватниот сектор за зголемување на платите.

„Никој не тврди дека состојбата е идеална, но вистината мора да се каже. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сè што е во нејзина моќ за да го подобри животниот стандард на граѓаните“, порача Манасиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 11 час

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 12 часа

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања