Промени тема
Контакт

Манасиевски: Заев и Филипче преку корупција се обиделе да ја преземат болницата на др. Жан Митрев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryl9t81oqf517fabQpDHQ

На телевизија Њузмакс во емисијата „Став на регионот“ гостуваше Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ кој на самиот почеток дискутираше за скандалот и сомнежите кои се поврзуваат со претходната власт, за тоа како Венко Филипче и Зоран Заев сакале да му ја одземат болницата на др. Жан Митрев по далеку пониска цена.

„Сите оние афери, сомнежи и скандали се поврзуваат со минатата власт којашто беше предводена од СДС и ДУИ, како и оваа афера којашто докторот Жан Митрев ја изнесе во јавноста, каде што вели дека минатата власт, односно еден премиер и министер за здравство, тука знаеме на кого мисли, односно на Зоран Заев и Венко Филипче, дека преку мафијашки однос се обиделе да му ја преземат болницата по далеку пониска цена. Ова е она што ние изминатите 7 години, а еве и континуирано во овие година и половина откако сме на власт, го говориме дека СДС и ДУИ кога владееја со државата тоа го правеа на криминален и коруптивен начин“, истакна Манасиевски и додаде:

— реклама —

“Ова однесување на Зоран Заев и Венко Филипче и СДС како политичка партија, навистина не ме чуди до каде одело само за да дојдат до одредено богатство коешто ние граѓаните го трпиме и ден денес.”

Манасиевски објасни дека реформите во правосудството се неопходни, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го преземала првиот чекор со разрешувањето на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

— реклама —

— реклама —

„Судството навистина не функционира и оние 2% коишто ги има доверба се потврдува, а ние како политичка партија велиме дека треба да има реформи, затоа што гледаме дека нема никаква судска разрешница. Нема разрешница по голем број на судски предмети, се чуваат предмети по фиоки но, имаме еден чекор којшто го преземавме како Влада, каде што е разрешен државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, за којшто имаме сомнежи дека чувал над 40тина предмети во неговите фиоки, за да не постапи за оние сомнежи кон минатата власт на СДС и ДУИ. Така да сметам, потребни се итни реформи во овој дел со цел да имаме правда во нашата држава“, дециден е Манасиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

zemjodelci

СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо - Мицкоски гледа за дата центри и антимон

Македонија | пред 11 час

— реклама —
maksim

СДСМ: Функциите на ЗНАМ се менливи, касата останува - отчетот е филм а предавството е факт

Македонија | пред 12 часа

sun-setting-silhouette-electricity-pylons

СДСМ: Бајка на Мицкоски за провизија - цевка што ја нема, електрана што ја нема.,струја што ќе се увезе

Македонија | пред 1 ден

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Нова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја "пие" водата туку струјата, а струјата ја увезува, токму тој

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања