Промени тема
Контакт

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-library453jpa1nrg80awKJG0a

Ристо Манчев, кандидат за градоначалник за општина Босилово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќајќи се кон присутните истакна дека изминатите четири години се доказ дека општина Босилово стана симбол за посветена работа и труд, отворено градилиште и симбол за заедништво и соработка со граѓаните. Манчев посочи дека изминатите четири години општина Босилово се градела, развивала и препраснала во една од најубавите рурални општини во Македонија. Манчев се осврна на ветените и реализирани проекти од изминатите четири години управување со општината Босилово.

— реклама —

„Постигнавме најголем напредок во областа на изградбата на локалната патна инфраструктура го изградивме локалниот пат од Турново кон Иловица и Штука, од Босилово кон Еднокуќево, од Бориево кон Колешино, од Робовски пат кон Муртино, го проширивме патот од Дрвош кон Хамзалии, започнавме со реконструкција на локалниот пат од Турново кон Бориево, а задутре започнува и реконструкцијата на локалниот пат  Турново - Радово. Во изминатите 4 години изградивме околу 40 улици. Се реконструираше училиштето во Иловица и Секирник, моментално се работи во Еднокуќево, а во наредните четири години ќе ги реконструираме и училиштата во Босилово, Турново, Сарај и други места. Започнавме со изградба на фекална канализација, изградивме 4 бетонски одводни канали, 6 повеќенаменски спортски игралишта, тротоари, пешачки патеки“.

— реклама —

Манчев, во продолжението од своето обраќање ги посочи и проектите предвидени во програмата за општина Босилово за наредните четири години, при што напомена дека истата е реална и остварлива, креирана со визија и идеи кои значат решенија и проекти од сите области во сите населени места во општина Босилово.

„Ќе продолжиме да градиме улици и патишта. Ќе продолжиме со изградба на одводни канали и фекална канализација во Моноспитово, Босилово и другите населени места, ќе отвориме уште две детски градинки, ќе направиме модерни повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места, ќе ја унапредиме работата на комуналното претпријатие и конечно ќе ги изградиме долгоочекуваните водоводи во најкритичните населени места. Почнуваме со изградба на водовод во Иловица, Штука, Дрвош и Гечерлија. Денес имаме општина без долгови, општина со поддршка на централната власт и затоа знам, верувам и убеден сум дека општина Босилово ќе продолжи да се гради.“

— реклама —

На крајот, Манчев ги повика граѓаните на општина Босилово на 19 октомври да го заокружат бројот 9 за градоначалник и бројот 9 за листата на советници на ВМРО- ДПМНЕ.

— реклама —

„На 19 октомври,  заокружете го бројот 9 и избери Совет и градоначалник, избери твој човек, кој ќе се грижи за твоето место и за твојата иднина“, порача Манчев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 12 часа

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 13 часа

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања