Промени тема
Контакт

Манфред Шуберт врвен германски и светски експерти за енергетика вели: „Никако депонија на сливно подрачје“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

На сливното подрачје на Охридското Езеро е крајно недозволиво, да се гради регионална депонија. Тоа би претставувало “самоубиство”, истакнал Манфред Шуберт дипломиран инжинер, Извршен Директор на фирмата Umwelttechnik & ingenieure GmbH во градот Хановер, Сојузна Република Германија, на средбата со Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Инаку Umwelttechnik & ingenieure GmbH веќе 21 година ја презема одговорноста за животната средина и технологијата. Работните полиња на фирмата се планирање и расчистување на третман на отпад и постројки за отстранување на отпад, постројки за производство на електрична енергија и слично. Оваа фирма до сега има реализирано преку 860 мали и големи проекти, национални и меѓународни проекти.

Ногачески и Шуберт разговареле долго за проектот на Министерството за животна средина и просторно планирање за регионално управување со отпад во Југозападниот плански регион, при што градоначалникот го запознал Шуберт (кој важи за еден од врвните, не само германски, туку и светски експерти за енергетика) со предложените решенија и технологија за третманот на комуналниот цврст отпад.

— реклама —

„Г-динот Манфред истакна дека технологијата на механичко-биолошки третман , која ни се предлага е технологија од пред 30-40 години, која е напуштена и не одговара на денешните стандарди. Посебно ми потенцираше дека во денешно време е недозволиво ниту 1 % метан да оди во воздухот, а не 30 % како што е случајот при механичко-биолошкиот третман на отпадот. Исто така, изрази неразбирање и за тоа зошто за констатираното количество на отпад од 56.000 т /годишно се предлага толку голема депонија, од околу 20-22 ха. На мојата забелешка дека се предлага постројката да биде лоцирана во сливно подрачје на Охридското Езеро изненадувачки констатираше дека тоа е недозволиво и би претставувало, како што самиот рече “самоубиство”“, раскажува Ногачески.

— реклама —

Тој додава дека средбата ја искористил да поразговараат и за можностите за инвестиции во соларната енергија во општина Дебрца.

— реклама —

Среќен сум што остануваме отворени за понатамошна соработка, Манфред Шуберт .Го поканив да ја посети општина Дебрца, а кое со задоволство го прифати, вели Ногачески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања