Oколу 800 лица се без документи, а 2.500 лица поднеле барања за државјанство, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на Сител.
-Ние знаеме дека има околу 800 лица без документи и за нив е веќе направен закон според кој може да се регистрираат во системот, најпрво да добијат извод од матична книга, потоа и сите други документи, па да видиме дали остваруваат право на државјанство. Добивме и информација од МВР дека околу 2.500 барања има за државјанство. Тоа се бројките што ги слушнавме на маса, а се базирани според податоци од институциите се друго е на некоја политичка реторика. За оваа бројка на луѓе не би требало да има проблем, ниту за која било друга бројка ако ги направиме вистинските чекои и направиме закон за да се решат проблеми – рече Маричиќ.
фото: Архива