Министерот за правда Бојан Маричиќ во своето гостување во „Утрински брифинг“ кажа дека за него не е мешање во судството, ниту пак притисок, ако побарал судиите на јавноста да ѝ ја објаснат својата одлука.
„Прво би сакал да објаснам дека ниту на каков било начин имам влијаено ниту ме интересира влијание врз одлуките на судот. Она што го направив пред неколку дена во јавната реакција е повик на судиите да си ги објаснат своите одлуки на јавноста“ кажа министерот за правда, Бојан Маричиќ во „Утрински брифинг“.
Министерот за правда смета дека сосема е логично ако одговорноста за одлуките ја преземе независното судство и тоа независно судство да ги објасни одлуките на јавноста.
Министерот за правда додаде дека многу честа е ситуацијата каде што и за добри а особено за лошите одлуки или да речеме недоволно издржаните одлуки на судовите и обвинителството секогаш да биде виновна извршната власт.
„Единствен притисок кон судиите и Судскиот совет од моја страна е да ја вршат работата чесно, професионално и одговорно во рамките на законот. Доколку јас сум користел притисоци, тоа сигурно нема да го правам јавно преку Фејсбук статус. Јово Вангеловски и Михајло Маневски добро знаат што е притисок врз судството. Во тоа време немаше Фејсбук статуси, но затоа имаме меѓународни извештаи во кои се опишани механизмите со кои вршеле притисок“ кажа Маричиќ.Утрински брифинг
„Прво би сакал да објаснам дека ниту на каков било начин имам влијаено ниту ме интересира влијание врз одлуките на судот. Она што го направив пред неколку дена во јавната реакција е повик на судиите да си ги објаснат своите одлуки на јавноста“ кажа министерот за правда, Бојан Маричиќ во „Утрински брифинг“.
Министерот за правда смета дека сосема е логично ако одговорноста за одлуките ја преземе независното судство и тоа независно судство да ги објасни одлуките на јавноста.
Министерот за правда додаде дека многу честа е ситуацијата каде што и за добрите а особено за лошите одлуки или да речеме недоволно издржаните одлуки на судовите и обвинителството секогаш да биде виновна извршната власт.
„Единствен притисок кон судиите и Судскиот совет од моја страна е да ја вршат работата чесно, професионално и одговорно во рамките на законот. Доколку јас сум користел притисоци, тоа сигурно нема да го правам јавно преку Фејсбук статус. Јово Вангеловски и Михајло Маневски добро знаат што е притисок врз судството. Во тоа време немаше Фејсбук статуси, но затоа имаме меѓународни извештаи во кои се опишани механизмите со кои вршеле притисок“ кажа Маричиќ.