Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Маричиќ од Анкара: Искуствата на Турција за дигитализација на судството за нас се од големо значење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
1

Министерот за правда Бојан Маричиќ од Анкара телефонски гостуваше во емисијата Утрински брифинг, каде говореше за посетата на Брисел и Анкара и дигитализацијата на судството.

Министерот брифираше дека во Брисел тој порачал дека Северна Македонија ќе продолжи интензивно да ги спроведува реформите дома, но дека е потребно ЕУ да не го губи фокусот и час поскоро да создаде услови за почеток на преговорите.

— реклама —

Говорејќи за посетата на Анкара, Маричиќ истакна дека главниот повод на посетата е размена на искуство во делот на едукацијата на кадрите во правосудството и дигитализацијата на судскиот систем.

— реклама —

- Денес ќе го посетам Генералниот директорат за информатичка технологија каде ќе имаме можност да видиме каков систем за дигитализација на судството имаат тука. Дигитализацијата кај нас ќе биде поддржана од нашите меѓународни партнери како амбасадата на САД, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Норвешката влада итн., информираше Маричиќ.

— реклама —

На турскиот колега, министерот за правда Ѓул, Маричиќ му го претставил планот за дигитализација на над 120 судови во земјата и истакнал дека искуствата кои ги има Турција во процесот на воведување на информатичка технологија во правосудството е од исклучително големо значење за нас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања