Промени тема
Контакт

Маричиќ: Прашањето со Бугарија мора да се решава низ призмата на европските вредности

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
e8d6b135-3dd5-4cd6-a49d-a928693a9577

Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за угледниот словенечки весник „Дело“ истакна на важноста проширувањето на Европската Унија да се одвива по претходно утврдени принципи, реални заслуги и испорачани резултати, но ја нагласи и потребата Унијата да даде временска рамка и план за проширувањето на земјите од Западен Балкан.

„Ние навистина направивме сѐ и покажавме искрена желба за решавање на отворените прашања, водејќи се од европските вредности. Затоа верувам дека проблемот со Бугарија може да се реши низ директен дијалог. Но, она што за нас е важно е тој дијалог да се темели на европски вредности и принципи, а не на основа “кој е посилен” или пак кој е член на Унијата, а кој не е”- истакна Маричиќ во интервјуто за словенечко „Дело“.

— реклама —
— реклама —

Маричиќ додаде дека за него прашањето со Бугарија не е само билатерален спор, туку и ситуација за која во иднина Европската Унија треба да дефинира што може држава членка на Унијата да бара од држава кандидат.

— реклама —

„Ние сме спремни за дијалог и веќе разговараме за отворените прашања, но исто така сме спремни тие отворени прашања да ги третираме и во текот на преговорите со ЕУ. Но, во никој случај не сме спремни да се откажеме од македонскиот јазик и од нашиот идентитет” - вели Маричиќ за „Дело“ и додава дека Владата на Република Северна Македонија покажа дека е составена од прогресивни сили кои навистина веруваат во политиките на Европската Унија и нејзините вредности, кои очекувааат Унијата, нејзините институции и земјите членки да дадат свој придонес и заложба за нашата евроинтеграција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања