Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Маричиќ продал археолошко наоѓалиште на Анѓушев за поставување на фотоволтаици, тврди Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2022-10-13-180422

„Приватната компанија поставила фотоволтаици над археолошкото наоѓалиште Градиште во Кавадарци, а за тоа добила зелено светло од Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија! Станува збор за поставување на панели, како и копање на довод на површина на опфат од фрапантни 0,9 хектари заштитена зона (археолошко наоѓалиште) оттуѓено од Република Македонија со потпис на Бојан Маричиќ!“, велат од Левица и додаваат:

​​​

Инвеститор е фирмата „Енерџи меинтененс солушнс“ (ЕМС), дел од конзорциумот „Фероинвест“, во сопственост на поранешниот вицепремиер на СДС, Кочо Анѓушев, управувана од Тодор Анѓушев!

Општина Кавадарци, пак, во август, 2023 добила барање од фирмата (уште пред да го откупи земјиштето) за урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на кабелски 10(20) кВ подземен вод!

— реклама —

По стручно мислење на лице од Националниот конзерваторски центар и по мислење од Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија дека НЕМА културно наследство на парцелите кои инвеститорот ги бара, Советот на Општина Кавадарци, ја изменува Програмата за изработка на урбанистички планови и ја објавува одлуката за тоа во бр.38 Службен гласник на Општина Кавадараци на 30.8.2023 година, три месеци пред, всушност, земјиштето да биде отуѓено! Одлуката е донесена со еден глас ПРОТИВ од советникот од редовите на Левица, Круме Богевски, и 18 гласа ЗА од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и „независните советници“!

Ја повикуваме новоназначената в.д директорка на Управата, Весела Честоева, која до пред два месеца беше директорка токму во Кавадарци, итно и неодложно да излезе во инспекција на фактичката состојба, а потоа Управата да покрене кривична одговорност: против Маричиќ, кој го продал археолошкото наоѓалиште; против претходниот директор на Управата, Аријан Асланај, и стручното лице од Конзерваторскиот центар, кое го издало мислењето!​​​​​​

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dosnica

Нови сомнежи за Дошница: Левица тврди дека повторно се активираат концесиите за мини-хидроцентрали

Македонија | пред 3 дена

apasiev

Левица: Клековски го остави Фондот за здравство со милионски проблеми, ДПМНЕ го награди со министерска функција

Македонија | пред 4 дена

apasiev

„ДПМНЕ го награди неработењето на Фетаи со унапредување и уште еднаш го понижи македонскиот работник“, вели Левица

Македонија | пред 5 дена

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: Со кривична пријава за финансиски криминал со МРТВ Цветковски ќе раководи со "Скопје 2028"

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања