Министерот за правда Бојан Маричиќ за време на работната посета на Анкара, денеска се сретна со својот турски колега Абдулхамит Ѓул. На состанокот се разговараше за продлабочување на соработката во секторот правда, со фокус на дигитализацијата. Маричиќ на Ѓул му го претстави планот за дигитализација на над 100 судови во земјата и пренесе дека искуствата кои ги има Турција во процесот на воведување на информатичка технологија во правосудството е од исклучително големо значење за нас.
Во однос на размената на искуствата со Турција за дигитализацијата на судовите, за време на посетата делегацијата на Министерството за правда предводена од Маричиќ ќе ја посети и Академијата за правосудство на Турција и Генералниот директорат за информатичка технологија.
Маричиќ на Ѓул му ги претстави реформите кои се преземаат со цел зајакнување на правната држава и длабоките реформи кои се спроведуваат во правосудството, а беа потврдени и традиционално добрите односи меѓу двете држави и двата народа.
фото: Министерство за правда