Промени тема
Контакт

Маричиќ за Би-Би-Си: Не може да се предвидат чекорите на Русија, работиме на замена на испораките на природен гас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
51826955455_428e5125a5_k

Заменик претседателот на Влада задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во емисијата „Дејли њус“ на Би-Би-Си рече дека земјата ги има намирено сите обврски за снабдување со руски гас, но дека ситуацијата е сложена, бидејќи не може да се предвиди каква одлука може да донесе Русија во наредните денови, со оглед на тоа што цврсто стоиме со Украина, политички, економски и воено.

— реклама —

- Имаме соодветни алтернативи во случај да дојде до прекин на снабдувањето со гас од ГАЗПРОМ, на пример индустриските капацитети да можат да користат мазут, но каква одлука и да се донесе, Северна Македонија во оваа фаза ќе се ублажи, се залагаме одлуката да биде донесена согласно договорот за употреба на гасоводот, рече вицепремиерот Маричиќ

— реклама —

Вицепремиерот Маричиќ изрази жалење што Русија одлучи да ги класифицира сите земји како непријателски земји, но дека македонската Влада верува дека наскоро ќе се најде решение за тековната агресија, со што ќе се стави крај и на енергетската криза.

- Снабдувањето со гас за Северна Македонија сè уште не е прекинато, зависноста е значителна, но сепак имаме континуирано снабдување со гас од ГАСПРОМ преку Бугарија и покрај тоа што Русија го прекина снабдувањето со гас до таму, рече вицепремиерот Маричиќ во интервјуто.

— реклама —

Тој изјави дека Северна Македонија е една од првите земји што се приклучи на одлуката на ЕУ, бидејќи сме земја кандидат за членство во ЕУ и сојузник во НАТО, но не само поради тоа, туку и направивме морален избор да застанеме покрај Украина.

— реклама —

- Работиме заедно со САД и нашите партнери од ЕУ на замена на испораките на природен гас од Русија, со цел да се намалат последиците од потенцијалната енергетска криза во случај Русија да го затвори вентилот, додаде Маричиќ за Би-Би-Си.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин ќе го врати „Генералот Армагедон“ на фронтот? Се појавија нови шпекулации

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-library5lf8v3k45lemdVOX8WP

„Гаѓаат дата-центри и мобилни комуникации“ – Зеленски најави одговор кон Русија

Свет | пред 20 часа

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Русија ѝ ја предава на Северна Кореја технологијата за напредни борбени дронови

Свет | пред 1 ден

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски од Киев: „Русија ескалира, дали навистина мислат дека нема да одговориме?“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања