Маричиќ: Жртвите од кривични дела со насилство ќе добиваат државна парична помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bojan-maricic

Министерот за правда Бојан Маричиќ, во својот говор на Конференцијата „Патот на жртвите од насилни кривични дела во правдата“, кажа дека со нов закон кој Владата го усвои пред неколку недели, жртвите на кривични дека во иднина ќе добиваат многу поголема правна заштита.

— реклама —

-Пристапот до правда, односно информираноста и можноста за правно разрешување на насилните кривични дела, времетраењето на постапката, доказите што треба да се обезбедат, видот на одлуката, и особено каков вид на казни им се изрекуваат на насилниците, се индикатори за општествената реакција. Преку подготовка на Закон за компензација на жртви од кривични дела со насилство, за првпат се воведуваат законски права на жртвите од кривични дела со насилство, истакна Маричиќ.

— реклама —

Според министерот, целта за донесување на овој закон е да се обезбеди паричен надоместок на жртвите од кривични дела сторени со насилство како првична солидарна помош од страна на државата за нивното страдање, согласно начелото на општествена солидарност, но и да се спречи можна секундарна виктимизација како дополнително страдање што жртвите можат да го претрпат во постапките пред институциите.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања