Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Марин: Во завршна фаза изградбата на ООУ „Димитар Македонски“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска, денеска извршија увид во градежните работи на новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче и во разговор со директорката на училиштето, Јулијана Тодоровска, констатираа дека тие се одвиваат според предвидената динамика и се наоѓаат во завршна фаза.

— реклама —

„Привршува изградбата на новиот објект, кој е од витално значење за учениците од овој дел на општината. Се радувам што населбата Лисиче, конечно, по речиси 60 години, ќе добие сосема нова и современа зграда“, изјави градоначалникот Марин. Еден од главните приоритети на Општина Аеродром е создавање квалитетни услови за образование на нашите ученици, бидејќи тие се нашата иднина, додаде градоначалникот.

— реклама —
— реклама —

Инаку, новото училиште е со површина од 2 840 квадратни метри и со капацитет од 700 ученици организирани во две смени. Ќе биде опремено со најсовремени кабинети, простории за дневен престој, кујна и простории за наставниците. Според интензитетот на изградбата, се очекува од септември учениците да учат во целосно новиот објект.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања