„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Марковска: Економските мерки дадоа резултат, економијата се враќа на стабилни стапки на раст, помошта за граѓаните и компаниите ќе продолжи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Економските мерки што Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев за надминување на последиците од кроонакризата даваат резултати. Тоа е потврдено и со бројни официјални статистички податоци. Во однос на преткризниот период, бележиме раст на буџетските приходи. Растот на вкупните приходи е 4,4 отсто, додека, 5 отсто е растот на даноците и придонесите, истакна на денешната Прес-конференција, Даниела Марковска, пратеничка на СДСМ.

— реклама —

Марковски додаде:

— реклама —

Во јануари, извозот има номинален раст од 15,4 отсто на годишна основа, увозот на стоки раст од 5,3 отсто со што трговскиот дефицит во јануари се намали за 29 проценти.

— реклама —

Во јануари бележиме и раст на просечната плата од 2,7 отсто, раст од 0.8 отсто на прометот во внатрешната трговија. Се забележува постепено намалува на стапката на невработеност, додека вработеноста е соодветно зголемена.

Во поглед на реализација на економските пакети мерки, севкупната имплементација од четирите пакет мерки изнесува 82% или 860 милиони евра, пари кои завршија директно кај граѓаните и во стопанството.

Согласно економските показатели и очекувањата, предвидено е оваа 2021 година македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, платите

да продолжат да растат а невработеноста да се намалува.

Владата предводена од СДСМ продолжува се креирање и реализација на мерки и политики што значат помош и поддршка за домашната економија, спас на секое работно место.

видео: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања