Мартин Протуѓер, поранешен шеф на кабинетот на Никола Груевски, двајцата обвинети во случајот „Титаник” денеска не дојде на закажаното рочиште за процесот бидејќи, како што извести неговиот адвокат, тој бил позитивен на тестот направен за ковид-19.
Одбраната на Протуѓер, до Судот доставила известување дека и сопругата на обвинетиот е позитивна на коронавирусот. Според протоколите, тој ќе биде спречен да присуствува на главните расправи во следните 20 дена, односно во тој период нема да се одржат главните расправи.