Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мартина е нов тапанар на „Фанк шуи“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
funkshui__27201836031799695522868199197811098780270354n.webp_-e1642501666336

Македонскиот бенд „Фанк шуи“ објави дека по 11 години од групата си замина тапанарот Давид, а на негово место дојде Мартина, поранешната тапанарка на „Дупер“. Лука и Михаил ѝ посакаа добредојде во бендот и најавија дека почнуваат да работат на нова музика.

„По многу долги разговори, сфативме дека нашите соништа за иднината не се исти како кога почнавме. За жал, мораме да објавиме дека концертот минатиот октомври беше последното шоу со Дејвид како член. Како што можете само да замислите, ова не е лесно за никој од нас. Поминавме 11 години заедно играјќи, смеејќи се, патувајќи, тепајќи, плачејќи, споделувајќи го доброто и лошото, прославите и кршењето на срцето. Го сакаме и му посакуваме сè најдобро во неговите идни напори“, велат момците.

— реклама —

Ти додаваат дека се истовремено возбудени, бидејќи Мартина ќе донесе свежа енергија во бендот.

„Стекнуваме дополнителен пријател за цел живот. Со нетрпение го очекуваме ова ново поглавје заедно. Затоа, добредојде Мартина, и бескрајна благодарност до тебе, Давид“, велат од Фанк шуи.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања