Промени тема
Контакт

Масивни наслаги од слузеста материја, можно присуство на цијанобактерии во Езерото Младост: Експертите предупредуваат, „капењето е забрането“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Ezero-mladost

Водата во Езерото Младост не е безбедна за капење и рекреативни активности, предупредуваат здравствените власти. Граѓаните се советуваат да избегнуваат контакт со водата сè додека не се добијат дополнителни резултати од стручни испитувања.

Според информации добиени од Центарот за јавно здравје, во езерото е забележан сериозен еколошки дисбаланс. Видлива е значителна појава на алги, формирање густа жолто-кафеава пена, како и масивни наслаги од слузеста и сунѓереста материја долж крајбрежјето – индикации што упатуваат на можно присуство на цијанобактерии, познати и како „сини-зелени алги“. Овие микроорганизми имаат способност да продуцираат токсични супстанции (цијанотоксини) кои можат да влијаат штетно врз здравјето на луѓето.

— реклама —

Дополнително загрижува фактот што лабораториските анализи покажале присуство на амонијак во количини петкратно повисоки од дозволеното, што укажува на сериозно загадување, веројатно како резултат на испуштање на отпадни води или органски материи.

Поради потенцијалните ризици по здравјето, особено за деца, лица со осетлива кожа и хронични болести, експертите апелираат да не се користи езерото за капење додека не се утврди безбедноста на водата.

— реклама —

Очекувањата од надлежните институции се да реагираат итно, да спроведат подетални анализи и да преземат мерки за санација на состојбата.

— реклама —

фото: Unsplash

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања