Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Маск му нуди пари на тинејџер: Престани да ми го следиш авионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
avion

Илон Маск му понуди 5.000 долари на еден тинејџер за да престане да го следи неговиот приватен авион на Twitter.

На Twitter профилот Elon Musk’s Jet, кој го води 19-годишниот Џек Свини, може да се види движењето на приватниот авион на Илон Маск. Свини на својот профил објави преписка од разговорот со Маск, кој минатата есен му пријде со молба, да престане да го следи неговиот авион.

„Можеш ли да го деактивираш ова? Безбедносен ризик е“, му напиша Маск.

„Да, можам, но ќе ве чини колку и Model 3“, му одговори тинејџерот.

— реклама —

Маск му порача дека не сака да има работа со „лудаци“, но сепак на крајот му понуди 5.000 долари.

— реклама —

„Има ли шанси тоа да се зголеми на 50.000 долари? Би ми било од огромна помош со факултетот и можеби ќе ми овозможи да си купам автомобил, можеби дури и Model 3“, праша Свини.

Маск му одговори дека ќе размисли, но оттогаш се нема огласено.

— реклама —

Свини го следи приватниот авион на Маск со употреба на бот и јавни податоци од Федералната авијациска администрација и редовно ја потенцира локацијата на авионот, соопштувајќи на пример дека слетал во Остин по шестчасовен лет.

Профилот има над 90.000 следбеници и по неколку стотици лајкови од твит. Џек Свини е студент на Универзитетот во Централна Флорида.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања