Промени тема
Контакт

Маск стана сопственик на Твитер, па направи „чистка“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
ilon-mask

Американскиот милијардер Илон Маск и официјално стана сопственик на социјалната мрежа Твитер, по неколкумесечни преговори со акционерите.

— реклама —

Откако ја презеде компанијата, Маск отпушти неколку менаџери во компанијата и најави дополнителни отпуштања, пренесува Ројтерс.

Меѓу отпуштените се извршниот директор на Твитер Параг Агравал, финансискиот директор Нед Сегал и шефот за правни прашања и политика Виџај Гаде.

— реклама —

Маск претходно го обвини претходното раководство дека ги довело во заблуда него и инвеститорите за бројот на лажни сметки на платформата.

— реклама —

Откако го презеде Твитер, Маск објави дека сака да ги „победи“ спам-ботовите и јавно да ги стави на располагање алгоритмите кои одредуваат како содржината им се презентира на корисниците и спречуваат платформата да стане место на омраза и поделби.

Маск се уште нема дадено детали како ќе го постигне сето ова и кој ќе ја води компанијата.

Twitter ја прифати понудата на Маск од 44 милијарди долари во април, но во меѓувреме имаше несогласувања и меѓусебни обвинувања меѓу компанијата и Маск.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Mask1

SpaceX на Илон Маск ќе стане четврти мобилен оператор во САД

Свет | пред 1 ден

— реклама —
ilon-mask

Маск планира купување чипови за 40 милијарди долари од „Енвидија“

Технологија | пред 2 дена

Mask1

Акциите на Tesla и SpaceX го вратија Маск меѓу трилионерите

Технологија | пред 4 дена

twitter

Шамар за Маск од судот: X најверојатно ги изгуби „твитот“ и познатата сина птица

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања