Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Маскирани напаѓачи фрлиле молотов коктел на студентско собрание во Атина, тројца повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 31 минута -

Балкан
police_457542992-1-1021x580

Тројца студенти биле повредени во насилен напад на студентско собрание на Математичкиот факултет во Атина, откако околу 50 маскирани лица со шлемови и метални шипки упаднале во кампусот и фрлиле Молотов коктел кон присутните.

— реклама —

Нападот се случил вчераутро во универзитетскиот кампус Зографу. Според грчките медиуми, во судирот учествувале членови на младинското крило на левоцентристичката партија ПАСОК и студенти од крајната левица.

— реклама —

Повредените биле пренесени во болницата „Ѓениматас“. Еден студент се здобил со длабока рана на бутот и бил задржан на хируршкото одделение. Тој им кажал на лекарите дека бил удрен со секира. Вториот имал изгореници на лицето, рацете и стапалата, но по лекарскиот преглед било утврдено дека нема потреба од болничко лекување. Третиот студент се здобил со повреди и гребаници од тепањето и ќе продолжи да се лекува дома.

— реклама —

Раководството на Универзитетот во Атина остро го осуди нападот, опишувајќи го како „насилна инвазија“ на надворешни групи. Од полицијата и обвинителството побара да ги откријат и казнат одговорните, нагласувајќи дека безбедноста на студентите и вработените е приоритет.

— реклама —

Нападот го осуди и Министерството за образование на Грција, кое побара од Универзитетот да ги претстави безбедносните мерки со кои ќе им гарантира на студентите безбеден пристап до кампусот во наредните денови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uapsen

Македонски државјанин баран со меѓународна потерница уапсен во центарот на Солун

Балкан | пред 29 минути

— реклама —
media-library41fu3dth0drvbh948tz

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Балкан | пред 1 ден

brod

Евакуиран крузер со над 1.500 лица по дојава за бомба кај грчкиот остров Сирос

Балкан | пред 1 ден

media-libraryug9pqk2rhk489qvjbGy

Земјотрес со јачина од 4,3 степени го погоди грчкиот остров Крит

Балкан | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања