„Матурска парада“ денеска на плоштадот Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
image-187406

На скопскиот плоштад „Македонија“ денеска ќе се одржи манифестацијата „Матурска парада“ со учесници од државава и од Словенија, Србија, Словачка, Црна Гора и Унгарија со педесетина градови.

— реклама —

Од Дирекцијата за култура и уметност - Скопје информираат од нашата земја ќе учествуваат матурантите од градовите Скопје, Гевгелија, Охрид и Струга. Вкупната бројка на обучени матуранти во Скопје е 400, а во останатите градови околу 1.500 матуранти.

— реклама —

Од Дирекцијата за култура и уметност - Скопје посочуваат дека во Скопје годинава ќе учествуваат средните училишта: „Васил Антевски - Дрен“, „Владо Тасевски“, „Михајло Пупин“, „Раде Јовчевски - Корчагин“, „Здравко Цветковски“, „Димитар Влахов“, „Арсени Јовков“, „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“, „Шаип Јусуф“, „Георги Димитров“, „Панче Караѓозов“, „Јосип Броз Тито“, МБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

— реклама —

Организатор за нашата земја е Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во соработка со Танцов спортски клуб „Ритам плус“, додека пак, покровител на манифестацијата во Скопје е Градот Скопје.

Во изминатите четиринаесет години на матурската парада учествувале матуранти од стотина градови од земјава, Словенија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Романија, Бугарија, Албанија, Украина, Унгарија и Австрија и вкупната бројка на учесници надминува 450 000.

-Покрај ова, во последните години составен дел на подготовките и на самата завршна манифестација е кажувањето на изјавата –„заклетва” за ненасилство од страна на учесниците во сите градови во земјите во кои се одржува „Матурската парада”, на тој начин не само што во исто време на иста музика во различни градови танцуваат младите, тие, генерациите кои ќе го градат светот во иднина, во исто време од различни делови на светот ја испраќаат пораката за ненасилство, мир и толеранција, информираат од Дирекцијата за култура и уметност - Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања