Жител на Јекатеринбург, Русија, освоил 10 милиони рубљи на лотарија со тоа што на ливчето го впишал датумот на својата венчавка.
Добивката се случила само неколку дена пред годишнината од неговиот брак, а тикетот содржел токму датумот на овој незаборавен и значаен настан.
Според изјавата на добитникот, венчавката била одржана на 6 февруари 2019 година, кога двајцата сопружници имале по 33 години.
Добитникот истакнал дека планира да ја искористи добивката за отплата на хипотека и за купување нов автомобил. Десет милиони рубљи се околу 110.000 евра.