Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Маж со нож нападнал американски туристи во Атина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
police_457542992-1-1021x580

Двајца американски туристи се повредени во напад со нож во близина на јужниот влез на археолошкиот локалитет Акропол во Атина, а осомничениот е уапсен, соопшти грчката полиција.

Инцидентот се случил околу 8:03 часот, откако полицијата добила пријава дека маж со нож им се заканува на минувачи во близина на Музејот на Акропол и билетарниците, пренесуваат грчките медиуми.

— реклама —

Според првичните информации, напаѓачот без никаква провокација нападнал двајца туристи од Соединетите Американски Држави. Жената се здобила со повреда на бутот, додека мажот, кој се обидел да ја заштити, бил повреден на рачниот зглоб.

— реклама —

На повредените им била укажана лекарска помош на местото на настанот, по што биле пренесени во болницата „Црвен крст“. Според информациите, нивната здравствена состојба е стабилна.

— реклама —

Осомничениот е 60-годишен грчки државјанин, кој бил совладан и уапсен од припадници на Дирекцијата на полицијата во Атина. Според полицијата, тој и претходно бил приведуван поради навредливо однесување и поседување нож, а двапати бил упатуван на лекување во психијатриска установа.

— реклама —

Грчките медиуми наведуваат и дека налогот за негово присилно сместување во психијатриска установа, издаден во 2022 година, не бил спроведен бидејќи полицијата не успеала да го пронајде.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 15 часа

— реклама —
trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 2 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 2 дена

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања