Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Мажот кој ја претепа сопругата, која се бори за живот, е пренесен во Психијатриска болница во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 18 минути -

Македонија
media-libraryfsscaqv8tcu278CtbhT

Нови детали за тешкиот случај на семејно насилство во Гостиварско. Педесет и двегодишен маж, за кого МВР соопшти дека има нарушено ментално здравје, ја нападнал својата 42-годишна сопруга со остар предмет, а при апсењето физички нападнал и полициски службеници, при што повредил еден од нив.

— реклама —

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен од таткото на осомничениот, кој информирал дека нападот се случил на 27 ноември, околу 12:30 часот, во семејниот дом.

Жената првично била пренесена во гостиварската болница, а поради сериозноста на повредите, во бессознание била транспортирана во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Таа има скршеници на ребрата, крварење во главата и бројни повреди по телото и е задржана на интензивна нега на КАРИЛ во животозагрозувачка состојба. Засега дише самостојно.

— реклама —

Полицијата го лишила од слобода 52-годишникот истиот ден, во 14:10 часот. При интервенцијата тој давал отпор и нападнал полициски службеници, при што повредил еден од нив.

— реклама —

Од МВР информираат дека осомничениот бил спроведен во Психијатриската болница во Скопје, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.

Обвинителството соопшти дека се преземаат итни дејствија за прибирање докази, а во постапката се вклучени полицијата и Центарот за социјални работи. Правната квалификација на делото ќе биде утврдена врз основа на доказите.

— реклама —
ambulanta

Скршени ребра и крварење во главата: Жена претепана од сопругот е во животозагрозувачка состојба на КАРИЛ – мажот е приведен

Жена од Гостивар се наоѓа во животозагрозувачка состојба и е хоспитализирана на интензивна нега на КАРИЛ во Скопје, откако, според информациите, два дена била физички малтретирана од сопругот.Таа има скршеници на ребрата, крварење во главата и бројни повреди по телото. Засега дише самостојно.Случајот го пријавил татко на мажот, по што жената била пренесена од гостиварската болница во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.Од Обвинителството информираат дека осомничениот е обезбеден и дека се

Македонија | пред 1 час

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

ambulanta

Скршени ребра и крварење во главата: Жена претепана од сопругот е во животозагрозувачка состојба на КАРИЛ – мажот е приведен

Македонија | пред 1 час

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања