„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мазнева: Работата на Комунална хигиена е вратена во нормала, а сметот се чисти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
kosana-mazneva

Директорката Косана Мазнева која раководи со „Комунална хигиена“ посочи дека ова претпријатие сега веќе работи нормално, без блокади. Работата, според неа, е вратена во нормала. Посочува дека блокадите биле да се наруши нејзиниот кредибилитет, како и кредибилитетот на Данела Арсовска која и даде директорска позиција.

— реклама —

„Градската администрација и ‘Комунална хигиена’-Скопје, успешно се справи со блокадата на нашето претпријатие, од страна на мафијашките структури кои не дозволуваа ниту еден вработен да ги обавува работните задачи. Помала група вработени, кои 15 години ја држат трета смена во претпријатието, спротивно на законите, а дел од нив не доаѓаат на работа, го блокираат работењето на претпријатието и извршувањето на работните задачи и не дозволуваа да се исчисти сметот во Град Скопје“, кажа Мазнева.

Таа посочи дека сметот се чисти.

— реклама —

„Иако навремено ги известивме институциите, им беше дозволено и натаму да продолжат со самоволието и блокадата. Само откако притисокот на јавноста стана целосно неподнослив, надлежните органи ја извршија својата работа за која земаат плата. Работата на Комунална хигиена е вратена во нормала, а сметот се чисти. Оваа блокада беше за нарушување на мојот личен кредибилитет и кредибилитетот на претпријатието и нарушување на кредибилитетот на градоначалничката Арсовска“, додава Мазнева.

Таа е децидна дека нема да дозволат самоволие.

„Јавниот интерес, интересот на граѓаните е пред се останато и нема да дозволиме никој да го урива. ‘Комунална хигиена’ ќе продолжи со своите работните обврски“, додаде Мазнева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања