Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната собраниска седница изрази поддршка за продолжување на кризната состојба поврзана со снабдувањето со нафта, нагласувајќи дека интервенцијата е неопходна за заштита на граѓаните во услови на енергетска и геополитичка неизвесност.

— реклама —

Сепак, тој ја критикуваше Владата дека реагира без долгорочна стратегија и дека државата постојано се соочува со исти проблеми без да извлече поуки од претходните кризи. Според него, институциите делуваат дури откако состојбите ќе ескалираат.

— реклама —

Мециновиќ посочи дека најголемиот товар од енергетските кризи го носат граѓаните, додека, како што рече, комерцијалните оператори остваруваат профит. Тој укажа и на високите цени на горивата, кои, според него, произлегуваат од структурата на даноци и увозни трошоци.

Во своето обраќање, тој се осврна и на претходни одлуки за приватизација на енергетски капацитети, оценувајќи дека тие долгорочно ја намалиле способноста на државата да реагира во кризни ситуации.

— реклама —

Мециновиќ посочи и на, како што го нарече, картелско однесување во енергетскиот сектор, истакнувајќи дека кризите се претвораат во можност за профит, додека граѓаните остануваат незаштитени.

— реклама —

На крајот, тој порача дека поддршката за мерката е во интерес на граѓаните, но повика Владата да започне со системски реформи и долгорочни политики за управување со идни кризи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 3 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања