Промени тема
Контакт

Мециновиќ: Градот мора да им служи на граѓаните не на партиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
Screenshot-2025-08-24-at-11.04.27

На денешната прес-конференција на Левица, кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, ги стави во фокус работниците од јавните претпријатија и плановите за дигитализација и транспарентност на градската управа. „Сакам најпрво да им се заблагодарам на работниците во јавните претпријатија кои пред неколку дена цела ноќ работеа на терен за да ја поправат големата хаварија на водоводот. Благодарение на нивната работа, утредента скопјани имаа вода. Но, премногу често ги забораваме токму оние што ја одржуваат нормалноста во овој град,“ истакна Мециновиќ.

— реклама —

Мециновиќ рагираше и на изјавите на дел од неговите противкандидати кои најавуваат „чистки“ меѓу јавните работници. „И за разлика од моите противкандидати кои велат дека во првите седумдесет два часа ќе ги извадат за уши работниците за да го исчистат градот и да го исчистат сметот кој тие го имаат креирано заедно со другите градоначалници од другите општини, ние сметаме дека пред сѐ треба да се поправат условите за работа за овие работници, затоа што кога зборуваме за пополнување на дупки, за собирање на смет, градоначалникот ниту ќе земе лопата, ниту ќе земе метла. Тоа треба работниците да го направат, така што тие работници треба да имаат нормални услови за работа “, рече тој.

Како централна тема, Мециновиќ ја најави иницијативата за дигитализација на услугите на Град Скопје преку јавен натпревар за млади програмери, без тендери и посредници. „Планираме да организираме натпревар меѓу програмери од Скопје кои ќе развијат апликација што ќе ги интегрира сите градски услуги: плаќање даноци, сметки, паркинг, јавен превоз, па дури и поднесување поплаки и барања до градот“, објасни тој. Во проектот ќе се вклучат Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и ФИНКИ, чии професори ќе ја оценуваат безбедноста и функционалноста на апликациите. „Победничкиот тим ќе добие награда од 50.000 евра и можност за трајно вработување во Град Скопје за да ја развива и одржува апликацијата,“ најави Мециновиќ.

— реклама —

„Со ова, за првпат ќе покажеме дека може да се работи без тендер шеми и партиски вработувања. Нема да плаќаме милиони за нешто што можеме да го направиме со сопствен домашен потенцијал,“ додаде тој.

— реклама —

Мециновиќ најави и неколку конкретни мерки за отворање на градската управа кон граѓаните: формирање партиципативно граѓанско тело што ќе го следи спроведувањето на одлуките на Советот на Град Скопје, воведување двосменско работење на шалтерите за да можат сите граѓани да добијат пристап до услугите, како и креирање на платформа „Мој советник“, на која ќе биде јавно достапно кој советник колку присуствува на седници и како гласа. „Градските власти живеат на небо. Да беа на земја, ќе ја видееја реалноста во која живеат Скопјани,“ изјави Мециновиќ.

Кандидатот на Левица подвлече дека приоритет во неговиот мандат ќе биде реформа на условите за работа во јавните претпријатија. „Работниците треба да гласаат за одлуките што се однесуваат на нивните услови. Тие се срцето на градот, а не политичарите,“ нагласи тој. Мециновиќ обвини дека двете најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, со години намерно ги туркаат претпријатијата во колапс за да ја оправдаат нивната приватизација. „Сега се најавува приватизација на ‘Комунална хигиена’ и ‘Дрисла’, а има и индиции за ЈСП. Ако не застанеме, на крај и водоводот ќе ни го приватизираат. Ќе ни ја земат и водата,“ предупреди тој.

— реклама —

„Ние не веруваме во приватизација, веруваме во јакнење на јавниот сектор, во финансиска консолидација и во враќање на довербата на граѓаните“, додаде Мециновиќ. На крајот од прес-конференцијата, тој порача дека Скопје мора да ја искористи сопствената научна и човечка сила. „Ова не е научна фантастика. Нашите програмери, нашите работници, нашите граѓани – тие го градат градот. Треба само да им се даде можност. Затоа што градот мора да им служи на граѓаните, а не на партиите“, порача Мециновиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања