Промени тема
Контакт

Мециновиќ: Изборот во Скопје е избор за демократија, не за функција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryj995ma2jqce83FL8CRh

Првата прес-конференција по почетокот на вториот изборен круг, кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, ја започна со отворање на темата што, според него, ја засенува секоја друга, нерамноправниот третман во медиумскиот простор и во вториот изборен круг затоа што АВМУ не дозволи политичко рекламирање на Левица.

„Институциите кои се под политичка контрола направија преседан без преседан во македонската демократија,“ рече Мециновиќ, нагласувајќи дека само еден кандидат, оној на власта, ќе има пристап до платено рекламирање, билборди и медиумска промоција.

— реклама —

„Тоа не е само неправда кон мене, тоа е удар врз демократијата. Ова ќе биде забележано во сите извештаи за состојбата во земјава“, додаде тој.

Мециновиќ нагласи дека ќе продолжи со позитивна и проактивна кампања, иако околностите, како што рече, не се рамноправни. „Овој втор круг не е натпревар меѓу двајца кандидати, туку избор меѓу старото и новото, меѓу статус-квото што го изеде градот и визијата за едно поинакво Скопје“, истакна тој.

— реклама —

Според Мециновиќ, апсолутната власт што во моментов ја имаат ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, ја довела државата во состојба на „сè поочигледна авторитарност“. Победата, вели, нема да биде негова лична победа, туку чин на отпор и демократизација на општеството.

„Јас не сум најпаметен, ниту најдобар од сите скопјани“, рече тој. „Но знам дека скопјани заслужуваат град каде што нивниот глас нешто значи. Локалната политика е нашето секојдневие: улиците, воздухот, јавниот превоз, зеленилото. Тие работи не смеат да зависат од партиски договори“.

— реклама —

Мециновиќ подвлече дека нема намера да води деструктивна политика и дека ќе соработува со сите советнички групи во Советот. Потсети дека проблемите во претходниот мандат произлегле токму од партиски суети и лични конфликти. „Не ме интересира да се натпреварувам во суета. Сакам градот да функционира. Ќе соработувам со сите, затоа што Скопје мора да заживее“, истакна.

Кандидатот на Левица испрати и порака до сите граѓани кои се разочарани од политиката и кои во првиот круг останале дома. „Ги повикувам сите здраворазумни Скопјани, без разлика од која партија доаѓаат, да се охрабрат и да гласаат за промена. Овојпат изборот е реален, старите партии веќе не се најголеми фактори“, порача тој.
Тој ги поздрави и независните листи што успеале да влезат во Советот на градот, оценувајќи дека секој советнички мандат што нема да го добијат „старите партии поврзани со бизнис интересите“ е, како што рече, „добредојдена промена“.

— реклама —

На крајот, Мециновиќ одговори и на новинарско прашање за поканата за телевизиски дуел со Орце Ѓорѓиевски. „Подготвен сум на дебата, но покрај вашата покана го повикувам Ѓорѓиевски на јавен дуел, под отворено небо, пред граѓаните и сите медиуми. Таму нека нè слушне народот и нека избере која опција му се допаѓа“.

Со оваа прес-конференција, Мециновиќ го постави тонот на втората рунда од кампањата: помалку конфронтација, повеќе визија. „Нема повеќе вие направивте, ние направивме. Сега има само еден избор, статус-кво или промена која ќе ја градиме заедно“, порача тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања