Промени тема
Контакт

Мециновиќ: Левица поднесува закони против партиски вработувања и дискриминација на бремените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryuukeghplktda8lv7BxW

Амар Мециновиќ, пратеникот од Левица, на прес конференција најави дека пратеничката група на Левица ќе поднесе два закони во Собранието со цел да се стави крај на неправдите во јавното здравство и на системската дискриминација на бремените работнички.

Првиот закон, се однесува на процесот на вработување во јавното здравство, кој, како што рече Мециновиќ, и покрај формалните законски одредби за транспарентност, во пракса е партизиран. „Иако законот за здравствена заштита предвидува јавен оглас и рангирање врз основа на стручност и компетентност, во пракса се случува спротивното. Членот 161 му дава дискреционо право на директорот на здравствената установа да избере кого ќе вработи, дури и ако тој кандидат не е прворангиран. Следствено, имаме бројни случаи кога најдобрите кандидати не беа избрани, а целата постапка се сведуваше на формалност со однапред познати одлуки, изјави Мециновиќ.

— реклама —

Тој нагласи дека ваквата практика довела до обесхрабрување на младите и квалитетни здравствени работници, губење на довербата во институциите и одлив на дефицитарен медицински кадар во странство.

„Предлагаме едноставно и јасно решение. Во член 161 се додава една реченица која гласи: ’Работодавниот орган мора да го избере најдобриот кандидат согласно редоследот на ранг листата’. Ништо повеќе, ништо помалку. Ова значи крај на дискрецијата и крај на партиските вработувања и клиентелизмот во јавното здравство“, порача Мециновиќ.

— реклама —

Вториот предлог закон се однесува и на измени во зЗконот за работни односи и има за цел да се заштитат бремените жени кои работат со договор на определено време. „Иако формално законите забрануваат дискриминација врз основа на бременост, во пракса постои сериозна правна дупка. Бремената работничка ги ужива сите права додека трае договорот, но со истекот на договорот на определено време ги губи сите права поврзани со бременоста и родителството. Ова е чиста институционално дозволена дискриминација“,  рече Мециновиќ.

— реклама —

Според него, проблематична е одредбата од член 101 став 3, која дозволува престанок на работниот однос и покрај бременоста. Левица предлага три клучни измени: автоматска трансформација на договорот на определено во неопределено време со доставување на лекарска потврда за бременост, бришење на можноста за престанок на работен однос поради истек на договорот и воведување строги казни за работодавачите кои нема да ја почитуваат оваа обврска.

„Со ова се обезбедува континуитет на правата поврзани со бременост и породилно отсуство и се испраќа јасна порака дека мачинството не смее да биде каза ниту ризик за егзистенцијата“, истакна тој.

— реклама —

Мециновиќ оцени дека актуелната состојба е показател за длабока дехуманизација на законските решенија. „Државата има обврска да ги заштити мајките, децата и правото на достоинствен труд. Не можат никакви економски индикатори, никакви финансиски извештаи на поединни  работодавци, приватни или државни, да бидат во надредена положба над егзистенцијата на  граѓаните, особено кога станува збор за бремените жени“, додаде пратеникот.

Пратеникот потсети дека Левица и претходно предложила мерки како дуплирање на породилното отсуство, флексибилно работно време за млади родители во првите пет години од животот на детето и бесплатен превоз за млади родители, но ниту една од нив не била прифатена. На крај најави дека двата законски предлози ќе бидат доставени до сите пратеници и повика на нивна поддршка без разлика на партиската припадност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања