Ивица Апостолов е претседател на Здружение на медицински лаборанти Клинички центар Скопје, смета дека не треба да се верува на неиздржаните и ступидни антивакцинални пораки, исто како што не треба да се верува ниту на агресивните вакцинални пораки. Тој објасни за имунитетот кој го имаат прележаните од корона, но и вакцинираните. Ви го пренесуваме неговото мислење во целост:
„Потикнат од рапидниот раст на инфицираните со делта сојот на вирусот, ќе напишам еден мој апел со кој се надевам ќе допринесам да ја донесете правилната одлука како да се заштитите од напливот на вирусот.
Знам дека ви е преку глава од вакциналните пораки, знам дека ве нервираат мерките кои ги презедоа, знам дека не верувате повеќе на никого и на ништо, но јас ве замолувам да не верувате на ступидните и неиздржани антивакцинални пораки, исто како што не сакам да верувате и на нелогичните и агресивни вакцинални пораки.
Тие кои се сметаат за антиваксери, јас не ги осудувам што не веруваат на вакцините, но ги замолувам да веруваат во здравиот разум, а здравиот разум вели дека делта сојот на вирусот се шири 50% побрзо од т.н. вухан и британски сој на вирусот!
Драги мои, доколку барем малку ми верувате, а се надевам дека до сега никогаш не сум ве изневерил или разочарал во ниту еден мој јавен и професионален настап, како и со етичкиот пристап и пишување околу вирусот, овојпат длабоко од моето срце ве замолувам да разберете дека сојот B.1.617.2 на вирусот “првенствено” ги заобиколува вакцинираните и прележаните, а многу интелигентно бара и ги напаѓа луѓето кои немаат SARS-CoV-2S-At (ковид антитела).
Овие антитела ги имаат луѓето кои створиле клеточен и вакцинален имунитет, односно тоа се луѓе кои ја прележале инфективната болест КОВИД-19 и/или луѓе кои се имунизирани со две дози на примени вакцини.
Знам дека имате недоверба виза-ви се што се случува со вакциналната кампања која ја води власта, првин поради фактот што ја водат многу погрешно и агресивно со многу лош пристап кон невакцинираните, а и дополнително поради фактот што има реинфицирани баш меѓу вакцинираните, но верувајте дека овој делта сој на вирусот за да опстане и да се шири т.е. живее, тој бара човечка клетка, затоа што вирусот нема органели и бара енергија, а единствена енергија му е да се “закачи” на рецептор онаму каде најлесно ќе се репликува, а тоа се луѓе кои немаат створено антитела за да можат да ги пуштат “борците” за да го опкружат и “ждерат” вирусот.
Ќе ви поедноставам и вака народски ќе ви кажам и објаснам за да ме разберете…во една соба сме четворица, од кои еден е позитивен и е “клицоносител”, вториот е прележан, третиот е вакциниран и четвртиот не е вакциниран и никогаш не го прележал вирусот.
Вирусот од првиот кој е инфициран и веќе почнал да ја развива инфективната болест ќе ги нападне останатите тројца во собата, вториот ПРЕЛЕЖАНИОТ наредните три до пет дена ќе биде со јаки главоболки, но ќе се избори со вирусот и неговиот организам нема да му дозволи да ја развие болеста, третиот ВАКЦИНИРАНИОТ по три дена ќе осети “песок во грло” и малку ќе му тече носот, ќе биде позитивен на ПЦР-тестот, но сепак ќе помине со многу лесни симптоми и по 7-10 дена ќе го ПРЕЛЕЖИ вирусот и ќе створи свои антитела кои ќе го штитат за понатаму.
Четвртиот, оној кој нема антитела и кој не го прележал и не е вакциниран против вирусот, ќе помине најтешко. Првите денови ќе биде со остра главоболка и болки во коските, ќе има затнат нос, гребење и болка во грло, но ќе му остане осетот за мирис и вкус, ама од третиот ден ќе осети потешкотии во дишењето, четвртиот ден болки во нозете и многу тешко одење, петтиот ден остро свирење во градите, а шестиот ден ќе бара помош во болница за да се хоспитализира…понатаму се е непредвидливо и доколку има среќа ќе излезе од болница со прележана болест и створени антитела кои ќе го штитат од можна нова реинфекција и повторно тешко заболување од истиот вирус.
Заради сето ова кое го напишав, на вас е да одлучите дали ќе се вакцинирате или не!
Веднаш сакам да ви кажам, за да нема недоразбирања, јас да не го прележав вирусот во ноември 2020, а го прележав исклучително тешко, и доколку сега (проверено на 13ти август 2021) немав антитела 965.2 U/ml, a референтниот интервал за САРС-КоВ-2С-Ат е >0.8 U/ml, јас сигурно ќе се вакцинирав барем со една доза и тоа најверојатно на Фајзер!
Доколку со овој мој апел, успеав да ви помогнам околу сомнежите дали да се вакцинирате или не, а сомневања кои ви ги створија баш тие кои требаше да ве уверат дека вакцината е единствен спас и заштита од компликации кои може да ги предизвика вирусот кај луѓето кои немаат створено антитела, тогаш јас лично ќе ви бидам благодарен што се ставивте на страна на разумните здравствени политики со кои ќе го заштитите пред се своето здравје, а и здравјето на вашите најблиски.
Со должна почит кон сите вас, прележани, вакцинирани и невакцинирани, искрено ве поздравувам и ви посакувам да останете во добро здравје пред се“, пишува тој.