Медицински отпад кој се гори во Дрисла, донесен во огромни количини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
drisla

Количината на отпад добива загрижувачки размери во Македонија. Ако во 2000 година имало 115 тона медицински отпад, во 2017 година количината достигна 900 тона, или девет пати повеќе. Овие бројки се објавени од страна на Заводот за статистика и од депонијата Дрисла, која во моментов е единствената институција која го собира и уништува овој отпад.

— реклама —

Во печката во Дрискла секој час горат до 250 килограми медицински отпад, а  секој ден во депонијата влегуваат над три тони медицински отпад.

Најголемиот дел од отпадот, како што велат од Дрисла, доаѓа од Клиничкиот центар, од болницата Св. Наум Охридски и од Клиничката болница во Тетово. Од тетовската болница велат дека ѓубрето се транспортира двапати неделно, во зависност од потребата, а може да се транспортира дури и неколку пати неделно.

— реклама —

„Нашата болница има договор со фирми кои се лиценцирани за транспорт на отпадот и да го третираат до крај. Ги имаме сите точки на собирање на локално и централно ниво за транспорт и привремено складирање, кои се доставуваат до Скопје двапати неделно според договорот“, рече Ариф Ибрахими, Клиничка болница Тетово.

Од гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир минатата година потрошиле 348.506 денари за 5.392 килограми медицински отпад. Во меѓувреме, за оваа година болницава има предвидено поголема количина на отпад.

„Првично се собираат во сите одделенија, потоа од таму во посебни кутии кои се обележани со посебни ознаки и, конечно, од сите овие одделенија се депонираат на претпоследната депонија која е наместена на таков начин што таму да нема контакт ниту живиот свет на животните, ниту децата или што и да се движи во таа насока. За оваа година планирани се околу 6.200 килограми медицински отпад. Како што се зголемува бројот на раѓања, така се зголеми тежината на медицинскиот отпад”, изјави Илир Шурдани, Гинеколошка болница “Мајка Тереза”.

Според инфектолозите, медицинскиот отпад претставува висок ризик доколку тој се допира на незаштитен начин и може да предизвика ширење на разни инфекции доколку се фрлат надвор од посебните места за собирање на медицински отпад.

Извор: Алсат ТВ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања