„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Медиумите во регионот: ‘Несреќната’ новогодишна елка стана позната токму поради тоа што изгледа прилично грдо за новогодишната ноќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
elka

Елката на плоштад, која беше недокитена се до попладнево, стана тема и во српските медиуми кои се исмејуваат со нејзиниот изглед. Највпечатливот наслов го има „Нова.рс“ кои напишаа: „Кога мислите дека сте во лоша форма, потсетете се на несреќната елка во центарот на Скопје“. Критички настроени се и другите наслови меѓу кои се и: „Новогодишната елка во Скопје стана предмет на исмејување, целиот регион зборува“, „Регионот зборува за новогодишната елка во Скопје: Вакво нешто нема ниту на Али експрес, туристите брзаат да се сликаат“.

— реклама —

Во текстовите елката се опишува онака како што изгледа(ше), па се пишува: „Доста е крива, а не е ниту накитена до крај“.

„Пред новогодишните и божиќните празници, сите градови во светот традиционално се натпреваруваат кој ќе има најубаво украсување. Елката во Скопје дефинитивно нема никакви амбиции, но брзо стана хит на интернет и омилена меѓу туристите. ‘Несреќната’ новогодишна елка стана позната токму поради тоа што изгледа прилично грдо за новогодишната ноќ“, стои во текстот на „Нова.рс“ чиј автор е новинарката Ана Калаба.

— реклама —

И српскиот сајт „Еспресо“ ја доловува сликата од елката.

„Додека европските градови се натпреваруваат кој ќе има најубаво украсени улици и плоштади, новогодишната елка во Скопје стана предмет на потсмев на социјалните мрежи. Новогодишната елка која осамна во главниот град на Северна Македонија стана хит на социјалните мрежи. Имено, луѓето споделуваат многу фотографии од новогодишна елка која, се чини, не е целосно украсена - горниот дел е неукрасен, но изгледа и искривен“, стои во нивниот текст.

Првите реакции за елката дојдоа од дома. Сепак, градските власти решија да молчат и да не одговорат на прозивките. Градоначалничката Данела Арсовска, досега не се појави со својот ПР тим на плоштад за да направи промотивен материјал, како што вообичаено има пракса.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања