Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Медведев: Европа ќе се соочи со „неприфатливи загуби“ ако дојде до конфликт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
Dmitry-Medvedev-2016

Во напис објавен во пресрет на 81-годишнината од победата над нацистичка Германија, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Димитриј Медведев, упати остри пораки кон Германија и Европската Унија, предупредувајќи на, како што наведе, последици доколку дојде до нова воена конфронтација со Русија.

— реклама —

Медведев во текстот тврди дека само „животински страв“ од неприфатливи загуби може да ги спречи Германија и пошироката „обединета Европа“ од евентуална агресија кон Русија. Тој ја обвини Западна Европа за, како што рече, несериозна милитаризација и обид да се прикаже Русија како надворешен непријател заради внатрешни политички цели.

— реклама —

Во своите изјави, Медведев се осврнува и на плановите за зајакнување на германските вооружени сили, тврдејќи дека тие се насочени кон создавање на најсилна конвенционална армија во Европа. Тој предупредува дека таквиот развој може да доведе до нова ескалација на тензии на континентот.

— реклама —

Истовремено, германскиот канцелар, Фридрих Мерц, претходно изјави дека Германија има намера да ги зајакне своите одбранбени капацитети, што Москва го толкува како дел од поширока стратегија за воено позиционирање на Европа.

— реклама —

Написот завршува со тврдења дека Русија нема да се потпира на „добра волја“ или политички декларации, туку на, како што е наведено, одвраќање преку сила.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8puqnnmutpumbXi5pO5

(Видео) Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Капацитетите за преработка намалени за 30 отсто

Свет | пред 37 минути

— реклама —
media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 4 часа

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 17 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања