Медведев: Ѓоковиќ и Алкараз се главни фаворити во Париз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Спорт

Рускиот тенисер Данил Медведев не помина добро на Мастерсот во Рим.

— реклама —

Во третото коло беше поразен од Томи Поло во два сета, додека во претходниот меч имаше доста проблеми со српскиот тенисер Хамад Меѓедовиќ, кого го доби само по три сета.

— реклама —

По поразот во италијанската престолнина, Медведев на прес-конференцијата се осврна и на претстојниот Ролан Гарос, каде истакна дека и покрај слабата форма, Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ се први фаворити за освојување на титулата.

— реклама —

"Доколку играат во Париз, Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз се главни фаворити. Секако, некои други тенисери имаат добри шанси. Да почнеме со рејтингот. И Јаник Синер ќе има шанса да победи ако игра. Стефанос Циципас победи во Монте Карло, ако го направи тоа и во Рим, ќе биде еден од фаворитите за мене, Новак и Карлос се најблиски, знаат да играат на оваа подлога, но мислам дека турнирот е поотворен од било кога. Тоа е добро за мене, бидејќи не играм толку добро, па колку поотворено е натпреварувањето, толку подобро за мене“, изјави Данил.

Вториот Грен слем во сезоната е закажан од 26 мај до 9 јуни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

medvedev1

Медведев: Ќе ги почитувам правилата - на Олимпијадата ќе играм под неутрално знаме.

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања