Медведев со убедлива победа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Алмати
Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во четвртфиналето на АТП-турнирот во Алмати, откако во осминафиналето убедливо го совлада Јапонецот Шо Шимабукуро со 6:2, 6:1.Мечот траеше само 52 минути. Медведев, петтиот тенисер на светската ранг-листа, во првиот сет направи два брејка, а во вториот уште три, наспроти Шимабукуро, кој е на 109. место на АТП-листата.Во четвртфиналето Медведев ќе игра против Теренс Атман, кој го совлада Матија Белучи со 2:1 во сетови.Останатите четвртфинални двојки се
Спорт | пред 2 часа