Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Медведев им порача на земјите од Заливот: Американските бази не се штит, туку закана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Свет
media-libraryevuk19808ocoaxzKhaU
Х

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска (6 март 2026) се огласи на социјалната мрежа X со порака до заливските арапски земји во контекст на војната меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга.

— реклама —

Во објавата, Медведев оцени дека присуството на американски воени бази на територијата на земјите од Заливот не носи безбедност, туку ризик, тврдејќи дека Вашингтон ги користи своите партнери во регионот и дека суштински штити „само една земја“.

„Заливските арапски земји дозволија американски бази на својот простор. Наивно од нив очекуваа заштита. Малку утре! САД само ги искористува, додека штити само една земја. Добро размислете дали навистина ви требаат американски бази – тие не се заштита, туку закана“, напиша Медведев.

Медведев и претходно ја коментирал ескалацијата, притоа напаѓајќи го НАТО и американскиот претседател Доналд Трамп, и потсмевајќи се со дискусиите во Алијансата за можноста од повикување на членот 5.

— реклама —

Реториката на високи руски функционери за американското воено присуство на Блискиот Исток, како и за улогата на НАТО, во последните години често се засилува во моменти на регионални кризи, додека заливските монархии истовремено се обидуваат да балансираат меѓу безбедносните партнерства со САД и сопствените интереси за стабилност и економија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

GOLF_20220417184153560_fbf71198c4efee9ae5351396bbb511b1-800x579

Медведев: Европа не успеа да го „надмудри“ Трамп, неизвесно е како ќе постапи Зеленски

Свет | пред 6 месеци

GOLF_20220417184153560_fbf71198c4efee9ae5351396bbb511b1-800x579

Пристигна првата реакција од Русија за победата на Трамп

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања