Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Меџити: „Градежните активности во Стар Чаир се доказ за почетокот на нова ера на развој“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
media-libraryt3p14jmvolmk9qy1emX

Новоизбраниот градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, најави нов циклус на инфраструктурни инвестиции, нагласувајќи дека градежните активности во Стар Чаир се одвиваат со силен интензитет и според највисоки стандарди.

— реклама —

„Со голем интензитет и целосна посветеност продолжува изградбата на улиците во Стар Чаир. Секојдневно се работи по план и со одговорност, за Чаир да го добие развојот што го заслужува. Уредна и достојна општина за нашите граѓани!“, изјави Меџити.

— реклама —

Градоначалникот посочи дека со овие активности се исполнуваат ветувањата дадени во изборната кампања, со што Чаир се поставува на патот кон урбана трансформација и одржлив развој.

— реклама —

„Ова е само почеток на новата ера за Чаир – општина на транспарентност, визија и работа на терен. Граѓаните веќе ги гледаат првите резултати од посветено владеење“, порача Меџити.

Според него, тековните инфраструктурни проекти се само дел од пошироката стратегија за модернизација на општината, која ќе вклучува нови улици, подобрена улична инфраструктура, јавна хигиена и уредување на јавните простори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryoqe0glts9k850Gs0EQd

По синоќешниот протест во Чаир, сообраќајот е нормализиран, а проблемот со водоводната мрежа е саниран

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryo2di6bl0e9adeM6snzP

(Видео) Граѓаните вчера излегоа на протест во Чаир поради проблеми со водоводот и канализацијата

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Почина 13-годишникот кој беше прободен со нож во срце

Македонија | пред 1 месец

media-libraryghm8fs4asloi20l22W1

Новиот булевар „Македонско-косовска бригада“ ќе има четири ленти, велосипедски патеки и зеленило

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања