„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Меџити и Османи во трка кој ќе ангажира попознат архитект, секој со своја визија за нов изглед на Чаир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
MixCollage-19-Aug-2025-12-01-PM-8372

Изборната трка во Чаир добива нова димензија – кандидатите за градоначалници најавуваат соработка со светски и регионални имиња од областа на урбанизмот и архитектурата, со цел општината да добие современ и функционален лик.

— реклама —

Кандидатот на „Алтернатива“, Изет Меџити, во својот тим го вклучи урбанистот Бајрам Вардар, скопјанец кој оставил силен белег врз турските мегаполиси Истанбул и Бурса. Вардар бил дел од тимот на Реџеп Таип Ердоган во периодот кога тој го водеше Истанбул, а подоцна ја извршуваше функцијата главен урбанист на Бурса. Меџити најави изработка на мастер план за Чаир, што ќе се креира во консултација со жителите и ќе има конкретна стратегија за имплементација.

— реклама —

– Чаир има предизвици слични на оние што сме ги гледале во Истанбул или Барселона. Наша цел е да изработиме план за иднината на општината кој ќе биде основа за нејзина модерна трансформација – изјави Меџити при претставувањето на Вардар.

Од другата страна, кандидатот Бујар Османи најави соработка со мексиканскиот архитект Мишел Ројкинд, светски познат по тоа што ја спојува архитектурата со социјалната и културната димензија. Неговото студио „Rojkind Arquitectos“ е избрано од магазинот „Форбс“ меѓу десетте најиновативни во светот, а самиот Ројкинд е добитник на бројни меѓународни признанија, меѓу кои и наградата „Emerging Voices“ на Архитектонската лига на Њујорк.

Ројкинд стана глобално познат по проектот „Nestlé Chocolate Museum“ во Толука, футуристичка структура која освои награди и беше номинирана за „British Museum Award“. Престижни медиуми како „Њујорк Тајмс“ го вброија меѓу имињата што ја обликуваат иднината на современата архитектура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања