Меџити ја правдаше фотографијата со албанското знаме во Обединетите нации, каде отиде платен од Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-09-23-at-18.04.28

На прашање за сликата со албанското знаме при посетата на Обединетите нации, вицепремиерот Изет Меџити, истакна дека меѓу бројните знамиња било албанското, но и државното на Македонија од кои биле објавени слики.

— реклама —

„Јас сум претставник на Владата на Република Македонија и се сликав пред државното знаме, но воедно јас сум албанец и тоа не го кријам. Во нашиот Устав на Република Северна Македонија стои дека сме дел од албанскиот народ.“ истакна првиот вицепремиер Изет Меџити.

— реклама —

Според Меџити едното знаме е државно (македонското), а другото е на сите Албанци ширум светот, а не само на државата Албанија. Тој истакна дека Косово е нова држава со сопствено државно знаме, но во различни пригоди секој се идентификува и го употребува албанското знаме коешто има историја од времето на Скендербег.

— реклама —

Според Изет Меџити без разлика дали некој албанец е во Њујорк, Истанбул, Македонија или Грција сите имаат државни знамиња кои ги почитуваат, но како Албанци се идентификуваат со тоа знаме, уште од времето на Скендербег.

Screenshot-2024-09-23-at-18.04.28

(Фото) Меџити на државна сметка во ОН: Се сликаше пред албанско, но не и пред македонско знаме

Првиот вицепремиер во Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, објави фотографија од Обединетите нации каде патуваше преку државна сметка. Наместо пред македонското, тој се фотографираше пред албанското знаме. Ова наиде на куп реакции во јавноста.На фејсбук-страницата на Меџити, текстот е објавен само на албански јазик.

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања