Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Меџити: Улицата „Максут Садик“ пред завршување, значајна инвестиција за Чаир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-libraryo7sbklmrr3j120uVW5d

Денес, првиот Заменик премиер и воедно кандидат на коалицијата ВЛЕН за
градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити ги следеше работите за
реконструкција на улицата “Максут Садик“ во Чаир, значаен
инфраструктурен проект кој го поврзува овој дел на општината со
булеварот „Никола Карев“ и со Универзитетот „Мајка Тереза“, каде што
наскоро ќе се изгради современ универзитетски кампус.

Станува збор за инвестиција од околу 220.000 евра, која се реализира со
поддршка на Владата во рамки на Програмата за инфраструктурни проекти во
општините за 2025 година.

— реклама —

„Денес сум тука заедно со вас за да го следиме напредокот на
реконструкцијата на улицата ‘Максут Садик’. Оваа улица не е само обична
сообраќајница, туку важна артерија која го поврзува овој дел на Чаир со
булеварот ‘Никола Карев’, со Универзитетот ‘Мајка Тереза’, каде што
многу скоро ќе никне модерен универзитетски кампус. Ова е инвестиција од
околу 220.000 евра, која се реализира со поддршка на Владата во рамки на
Програмата за инфраструктурни проекти во општините за 2025 година“,
изјави Меџити.

Работите, како што тој истакна, се одвиваат со брзо темпо и проектот се
очекува да заврши за две недели.

— реклама —

“Ова значи дека жителите од ова населба, а особено ромската заедница,
која со години чекала подобри услови за движење, конечно ќе добијат
инфраструктура каква што заслужуваат“.

— реклама —

Меџити додаде дека овој проект не се однесува само на асфалтирање, туку
и на конкретна посветеност кон заедницата.

“За мене ова е повеќе од асфалт и нова улица. Ова е потврда дека кога
Владата и општината ќе застанат заедно, резултатите стигнуваат до
луѓето. Ова е пример за тоа како конкретни дела ја менуваат
секојдневната реалност“, нагласи тој.

Меџити уште еднаш го потенцираше своето лично залагање за развојот на
општината.

“Како човек кој целиот свој живот го поминал во Чаир, добро ја знам
секоја улица и секој проблем. Мојата посветеност е јасна: да обезбедиме
нови инвестиции, нови услови и нова енергија за Чаир. Ова е само
почеток. Чаир има потенцијал, има сила и ќе го има развојот што го
заслужува“, оцени Меџити.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3iv1jbe8438q2BqlKAG

(Видео) На пазарот во Чаир откриена нелегална продажба на акцизни производи, запленети 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryhc48gdh0e4qvc35eacG

(Видео) Сообраќајка во Чаир: се судрија автомобили, делови од нив се по улицата

Скопје | пред 4 дена

media-libraryoqe0glts9k850Gs0EQd

По синоќешниот протест во Чаир, сообраќајот е нормализиран, а проблемот со водоводната мрежа е саниран

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryo2di6bl0e9adeM6snzP

(Видео) Граѓаните вчера излегоа на протест во Чаир поради проблеми со водоводот и канализацијата

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања