„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Меѓународна конференција посветена на економската и еколошката димензија на ОБСЕ во Струга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
osce

Во рамките на Претседавањето на Македонија со ОБСЕ, денеска во Струга ќе се одржи Меѓународна конференција посветена на економската и еколошката димензија на Организацијата, како една во низата меѓународни конференции планирани да се одржат до крајот на годината.

— реклама —

Конференцијата се одржува во време на бруталната агресија на Русија врз Украина која, покрај тоа што претставува директно кршење на основните вредности и принципи на Организацијата, едновремено предизвикува и разорни економски последици како и еколошки катастрофи, што е посебно видливо од последниот напад на браната Какховка.

Имајќи ги предвид рефлексиите на актуелната безбедносна криза во ОБСЕ просторот врз глобалните економски текови, конференцијата ќе се фокусира и на изнаоѓање одговори за тешките предизвици од климатските промени, зајакнувањето на отпорноста на енергетската инфраструктура кон природни и катастрофи предизвикани од човечкиот фактор, вклучително и обезбедување стабилна и одржлива енергетска транзиција. Северна Македонија и преку оваа конференција дава придонес кон напорите за економското закрепнување и борбата против климатските промени, како суштински дел од концептот на ОБСЕ за сеопфатната безбедност. Во тој контекст, на Конференцијата ќе се дебатира и за борбата против корупцијата, како еден од приоритетите на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ.

— реклама —

Конференцијата ќе ја отвори Претседавачот со ОБСЕ, Министерот Бујар Османи, а ќе се обратат и Заменик на претседателот на Владата на Северна Македонија за политики за добро владеење – Славица Грковска, Министерот за економија Крешник Бектеши, Министерската за животна средина и просторно планирање – Каја Шукова, како и Заменик министерот за енергетика на Украина – Јарослав Демченков.

Воведна сесија на оваа меѓународна конференција ќе биде отворена за претставниците на медиумите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

pratenici-sobranie-levica

ОБСЕ ја истражува цензурата врз Левица

Македонија | пред 3 месеци

Нема фотографија

Заврши првиот ден од самитот на ОБСЕ во Скопје: во фокусот војната во Украина

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-11-30-at-13.17.41

(Фото) Тензична атмосфера: На масата кај Лавров оставен лист „Резервирано за НАТО“

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Фото) Додека внатре ја осудуваат Русија и праќаат пораки, Лавров надвор си одржува средби

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања