Промени тема
Контакт

Меѓународниот суд нареди прекин на офанзивата на Рафах, Израел ја сфати одлуката на свој начин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
mvWk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTVRRN01EQV8vMGI3YWEzNTlkMTY3NzgxZDEyODgwOTcxOGZiZjQwNDUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Тел Авив верува дека наредбата на Меѓународниот суд на правдата (МСП) за запирање на израелската воена офанзива врз Рафах во јужниот дел на Газа остава простор за други видови воени дејствија во таа област, изјавија израелските власти. Судиите на МСП вчера му наредија на Тел Авив веднаш да го запре нападот врз Рафа, каде Израел тврди дека се обидува да ги искорени борците на Хамас, во вонредната пресуда во случајот на Јужна Африка против Израел за геноцид.

„Она што тие од нас бараат да го направиме е да не вршиме геноцид во Рафах. Ние не спроведуваме геноцид и нема да извршиме геноцид“, изјави денеска советникот за национална безбедност на премиерот Бенјамин Нетанјаху, Цачи Ханегби за израелската телевизија N12.

— реклама —

„Според меѓународното право, ние имаме право да се браниме, а факт е дека судот не нè спречува да продолжиме да се браниме“, одговори Ханегби на прашањето дали офанзивата на Рафах ќе продолжи.

МСП веднаш не ги коментираше изјавите на Ханегби, а ниту Хамас. Друг израелски функционер ја опиша пресудата на МСП како пробна. „Наредбата поврзана со операциите во Рафах не е општа наредба“, рече претставникот кој сакаше да остане анонимен.

— реклама —

Читајќи ја одлуката, претседателот на највисокиот суд на ОН, Наваф Салам, рече дека претходните мерки што судот ги донесе во март не ја покриваат целосно ситуацијата во опколената палестинска енклава каква што е сега и дека се создадени услови за нови вонредни мерки.

— реклама —

„Државата Израел... веднаш ќе ја прекине својата воена офанзива и секоја друга акција во провинцијата Рафах што би можела да и наметне услови за живот на палестинската група во Газа што може да доведе до нејзино физичко уништување целосно или делумно“, рече Салам.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

gaza44

Нова ескалација во Газа: Хамас го обвини Нетанјаху дека го попречува прекинот на огнот

Свет | пред 23 часа

sirija

Израел изврши осум воздушни напади врз база во Сирија, САД предупредуваат на „непотребна ескалација“

Свет | пред 2 дена

gaza44

Израелски министер: Секоја вечер во Газа треба да се убиваат од 30 до 40 луѓе

Свет | пред 3 дена

media-librarys9c9jno9utvb64DO9T3

Еден Палестинец загина во израелски напад во Газа, неколкумина се повредени

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања