„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мелничарите 25 дена блокирани од косовска страна, не можат да го извезат брашното

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Brasno

Мелничарите од земјава се соочуваат со блокада од косовска страна. Велат дека веќе 25 дена не можат да реализираат извоз зашто Косово им ги враќа камионите со брашно под изговор дека нивото на железо и фолна киселина во него е под пропишаниот правилник.

— реклама —

Како што вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Горан Малишиќ, за ваквиот проблем веднаш биле известени Министерството за економија и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Мелничарите дури побарале и итна средба со надлежните, но до денеска не добиле никаков одговор.

-Сакаме да ги известиме јавноста, земјоделците и Владата дека како извозници на брашно се соочуваме со измислена, вештачка блокада од страна на Косово веќе 25 дена. Веќе 15 и повеќе години извезуваме брашно во Косово по нивните критериуми без проблеми. Како извозници правиме анализи на брашното во нашите акредитирани лаборатории, за да провериме дали ги исполнуваме условите, како и од официјални причини за извоз, односно за да добиеме сертификат за потекло и квалитет за извоз на брашното. Во последните 25 дена, Косово ни ги враќа камионите под изговор дека нивото на железо и фолна киселина е под пропишаниот правилник, иако и пред испорака и по враќањето нашето брашно е испитано во нашите лаборатории и констатирано е дека содржи повеќе од минималната утврдена количина на железо и фолна киселина, нагласува Малишиќ.

— реклама —

Тој ги обвинува надлежните за немање слух и водење неправилна политика.

Мелничката индустрија апелира до Владата, одговорните министерства и државни агенции, веднаш да го решат проблемот со извозот, како и неконкурентниот и неконтролиран увоз на брашно со околните држави кои се потписнички на ЦЕФТА и со соседите кои се членки на ЕУ.

-Ако не можат, тогаш нека спроведат соодветен реципроцитет. Изгледа дека само ние ги почитуваме ЦЕФТА протоколите, а домашното преработувачко производство во изминатите 15 години се намали за најмалку 60 отсто. Апелираме дека е крајно време да се преземат мерки за заштита и зголемување на домашното производство и преработка. Во спротивно, ќе се соочиме со енормно зголемување на цените на брашното и лебот како основни суровини од пченицата, која пак е заштитена со Закон како стратешка култура, кој Закон ниту еден државник не го почитува од 2000 година па наваму, предупредуваат мелничарите.

Според Малишиќ, сите членки на ЦЕФТА на најразлични начини го блокираат увозот на брашно како стратешки државен производ.

– Албанија ги има зголемено критериумите на протеин во брашното со што е невозможно да го произведеш во балкански услови освен ако користиш најквалитетна пченица, која пак пченица во наши услови е поскапа од брашното кај нас или кај нив. Косово, веќе спомнав, со правилник за дополнителни количини железо и фолна киселина. Во Србија производителите и преработувачите на пченица (мелнички капацитети) се подржани со најразлични субвенции, со што цената на брашното е скоро иста како цената на пченицата иако во ЦЕФТА комитетот постои оддел за антидампинг цени, вели претседателот на Групацијата.

Од АХВ за МИА пак, велат дека имаат издадено сертификат за безбедност кој е усогласен со косовската Агенција за храна и ветеринарство.

-Сертификатот е придружен со резултати од спроведени лабораториски испитувања за безбедност на брашното, направени од страна на извозникот. Испитувањата се направени со соодветни акредитирани методи, со кои е потврдено дека производот е во согласност со важечките прописи за безбеднсот на Република Косово, напоменуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Косово има Правилник за квалитет во кој се бара во брашното да има зголемено ниво на железо и фолна киселина како начин да ја заштитат својата мелничка индустрија од увозно брашно веќе 15 години. Поради ова, за да ги исполнат условите за извоз во Косово, нашите мелници, како што објаснуваат од Групацијата при Стопанската комора, дополнително дозираат премикс со железо и фолна киселина.

Извозот на македонско брашно на Косово е минимум 600 тони месечно, а изминативе денови биле вратени најмалку 300 тони брашно.

Според податоците на Стопанската комора, лани извозот на македонско брашно на Косово на годишно ниво бил 4.400 тони, а во 2019 година изнесувал 8.400 тони.

извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања